June 23, 2025 | | Македонија
Работнички продолжува да инвестира во младите таленти, а последниот потег на клубот тоа само го потврдува – продолжена е соработката со надежниот дефанзивец Теодор Николовски. Младинскиот репрезентативец на Македонија до 21 година стави потпис на нов тригодишен договор, со што ќе остане дел од „романтичарите“ најмалку до 2028 година. „Младинскиот репрезентативец на Македонија У21, Теодор Николовски, го продолжи договорот со ФК Работнички до 2028 година“, се вели во официјалното соопштение на клубот од Дебар Маало.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |