October 10, 2026 | | Македонија
Натпреварот меѓу Арсими и Силекс беше прекинат на подолг период поради сериозната повреда на Диего Контрерас од домашниот тим. Контрерас се повреди по дуелот со Шуерт, по што падна во казнениот простор. Според информациите, фудбалерот ја скршил ногата, а глетката ги вознемири играчите на двата тима, кои во шок се држеа за глава. Поради сериозноста на ситуацијата, на теренот влезе возило на итната медицинска помош, кое го транспортираше Контрерас во болница на понатамошно лекување.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |