September 14, 2025 | | Македонија
Поранешниот освојувач на Купот на Македонија, Тетекс, викендов се врати на Градскиот стадион во Тетово и тоа го одбележа со победа над Слога Виница. „Шефовите“ претходно имаа само еден триумф – против Детонит во второто коло – но денеска успеаја да ја скршат отпорната игра на гостите по повеќе од еден час. Клучниот момент дојде во 65. минута кога Меритон Салији со спектакуларен удар од околу 40 метри ја затресе мрежата, во голема мера благодарение и на лошата проценка на противничкиот голман. Конечниот резултат 2-0 го постави Даути во петтата минута од судиското продолжение, а со оваа победа Тетекс се искачи на деветтата позиција со шест освоени бода.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |