Тетовска доминација на стартот: Шкендија го прегази ослабениот Шкупи

August 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Тетовска доминација на стартот: Шкендија го прегази ослабениот Шкупи

Актуелниот шампион Шкендија моќно ја отвори новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, совладувајќи го Шкупи со убедливи 5-1. Натпреварот, најавен како дерби, брзо се претвори во рутина за тетовчани. Гостите од Чаир пристигнаа во Тетово со само 15 играчи, меѓу кои три голмани и седум младинци – проблем што Шкендија вешто го искористи. Флорент Рамадани го отвори резултатот уште во 8. минута, но Шкупи од првата шанса израмни преку Малик Хајвали. Радоста на гостите кратко траеше – Рустеми наивно заработи втор жолт картон, а Арлинд Зејнулаи веднаш ја врати предноста на домашните. Во вториот дел, Бесарт Ибраими со брз двоен удар зголеми на 4-1, а Лидирон Латифи го постави конечниот резултат од 5-1. Во следното коло, Шкендија ќе гостува кај Македонија ЃП, додека Шкупи ќе се обиде да се рехабилитира дома против Силекс.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.