March 13, 2025 | | Македонија
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, потврди дека германска компанија ќе стане инвеститор во фудбалскиот клуб Тиквеш, вложувајќи еден милион евра до крајот на март. Општината, која досега беше единствен сопственик, ќе ја подели сопственоста со новиот инвеститор, но ќе задржи 50 проценти од акциите и контролата врз клубот. „На вонредна седница ќе разгледаме договор со германски инвеститор, кој ќе префрли милион евра во ГФК Тиквеш. Средствата ќе ја покријат оваа и целата наредна сезона. Ова е голема поддршка за клубот, а се надевам дека слични инвестиции ќе се случат и во другите спортови како ракометот и кошарката“, изјави Јанчев. Тиквеш минатата сезона го освои Купот на Македонија и настапи во Европа, но оваа година се бори за опстанок, моментално на десеттата позиција, која води во бараж.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |