Тиквеш потпиша играч кој три години бил без клуб!

August 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Тиквеш потпиша играч кој три години бил без клуб!

Тиквеш го претстави своето ново засилување за крилните позиции – Сандеј Алими, 25-годишен фудбалер чија кариера изгледа како мешавина од големи соништа и долги паузи. Алими тргна моќно, млад заминувајќи во редовите на славниот Галатасарај. Но, патеката брзо почна да се лизга – следеа преселби во португалски Авес и турски Ескисехирспор, каде и дебитира како сениор. Потоа дојде вистински пад: според податоците на „Трансфермаркт“, Нигериецот бил без клуб цели 1.186 дена – повеќе од три години. Во тој долг период успеа да „вметне“ шестмесечна авантура во грчката Кавала, потоа повторно пауза од година и пол, па враќање во Нигерија за да заигра за Шутинг Старс. Ни тоа не траеше долго – пролетната полусезона ја помина повторно без ангажман. Сега, Алими ќе има шанса да ја оживее својата кариера во Тиквеш, кој очекува од него свежина и брзина на крилото.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.