July 2, 2025 | | Македонија
Кавадаречки Тиквеш се подготвува за нов почеток. Ден пред официјалниот старт на подготовките за сезоната 2025/26, клубот се прости од шест фудбалери кои во претходниот период имаа важна улога во задржувањето на прволигашкиот статус. Благоја Спиркоски, Алмир Цубара, Оливер Стоименовски, Давид Манасиевски, Филип Купанов и Арби Воша веќе не се дел од тимот. Од клубот упатија јавна благодарност за нивниот професионален ангажман, посветеност и придонес во тимот, посакувајќи им успех во идните предизвици. Во исто време, Тиквеш ја започнува изградбата на новиот ростер. Стефан Тасев е веќе претставен како прво засилување, а во наредните денови се очекува клубот да ги официјализира и трансферите на Дарко Илиески и Кристијан Ацковски. Подготовките стартуваат во четврток, со цел тимот подготвен да ја дочека новата прволигашка сезона.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |