Тиквеш, Струга и Шкендија ги дознаа можните противници за квалификациите

June 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Тиквеш, Струга и Шкендија ги дознаа можните противници за квалификациите

Струга Трим Љум, Шкендија и Тиквеш се македонските претставници кои ќе играат во квалификациите за европските купови и ги дознаа можните противниците за првото коло, извлекувањето ќе биде во вторник во 14:00 часот. Сите три клубови имаат по пет потенцијални противници. Струга е неносител во првото претколо на Лигата на шампионите и сместени се во групата 1, па така ќе можат да играат против некоја од екипите на: Слован Братислава, Линколн Ред Импс, Њу Сеинтс, Балкани и Борац. Шкендија пак ќе биде носител во првата група во првото претколо на Конференциската лига а може да играат против: Вележ, Торпедо Кутаиси, Малишева, Ноах и Ислоч. Тиквеш пак како неносител во втората група може да се сретне со: Брејдаблик, Дуделанж, Тре Пене, Сен Џозеф и Крусеидерс. За Конференциската лига извлекувањето за првото квалификациско коло е закажано за во 16:00 часот во вторник

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.