Трајковски ја искина мрежата на С. Арабија со „ножички“ гол! (ВИДЕО)

September 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Трајковски ја искина мрежата на С. Арабија со „ножички“ гол! (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација поведе против Саудиска Арабија на пријателскиот натпревар што се игра во Прага. Стрелец на голот за нашиот национален состав беше Александар Трајковски, кој во самиот финиш од првото полувреме ја затресе мрежата на противникот и ја донесе Македонија во водство. Сепак, после само неколку минути, селекцијата на Саудиска Арабија успеа да израмни преку Ал Бураикан и да го врати резултатот на почеток пред крајот на првиот дел.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.