March 28, 2025 | | Македонија
Македонската фудбалска репрезентација го започна квалификацискиот циклус за Светското првенство 2026 со солидни перформанси, но реалноста сугерира дека нашата најголема шанса за бараж доаѓа преку извонредниот настап во Лигата на нации.
Со оглед на конкуренцијата во групата, изгледа дека ќе биде тешко да го надминеме Велс на табелата, но благодарение на стратегиските бодови собрани во Лигата на нации, пласманот во бараж делува како многу веројатна опција.
Според анализата на платформата „Фудбал митс дата“, Македонија има огромни 99% шанси да игра бараж за пласман на Мундијалот во 2026 година.
Клучниот предуслов за тоа е седум од следните десет селекции да завршат на првите две позиции во своите квалификациски групи: Шпанија, Англија, Германија, Италија, Португалија, Шведска, Романија, Турција, Австрија и Чешка.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |