Тренерот на Лудогорец: Лошиот терен во Скопје ја спречи нашата игра

August 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Тренерот на Лудогорец: Лошиот терен во Скопје ја спречи нашата игра

Лудогорец претрпе изненадувачки пораз од Шкендија (2-1) во првиот натпревар од плејофот за пласман во Лигата на Европа, а тренерот на бугарскиот шампион, Руи Мота, како главна пречка ја посочи состојбата на теренот. „Започнавме добро и дури дојдовме до водство, но теренот беше во многу лоша состојба. Нерамената подлога не ни дозволи да ја играме нашата препознатлива игра со пасови и контрола на топката“, изјави Португалецот на прес-конференцијата. Според него, токму поради условите на теренот, Лудогорец често ја губел топката и му дозволувал на противникот да тргне во опасни контри. „Кога ја задржувавме топката подолго време, Шкендија добиваше шанса за брзи напади и тоа го искористија на најдобар можен начин“, додаде тој. И покрај критиката кон инфраструктурата, Мота потенцира дека неговиот тим не смее да бара изговори. „Теренот не смее да биде оправдување. Мораме да играме подобро, да бидеме посигурни во сите линии и да покажеме дека сме поискусен тим“, заврши стратегот. Реваншот е закажан за наредниот четврток во Разград, каде што Лудогорец ќе се обиде да ја анулира негативата и да обезбеди пласман во групната фаза од Лига Европа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.