Тренерот на Тирана e новиот кормилар на Струга ТЛ

June 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Тренерот на Тирана e новиот кормилар на Струга ТЛ

Поранешниот шампион на Македонија, фудбалскиот клуб Струга Трим Лум, денеска официјално го именува Бледи Шкемби за нов тренер на првиот тим, со што заврши потрагата по наследник на Илчо Ѓорѓиоски. Шкемби, 45-годишниот стратег од Албанија, важи за реномирано име на Балканот. Како фудбалер, беше капитен на славната генерација на Скендербеу која доминираше во албанскиот фудбал и играше на европската сцена. Неговата тренерска кариера опфаќа респектабилни клубови како Тирана, Теута и Динамо Сити, како и искуство во Косово и младинските селекции на Албанија. Со Струга потпиша договор на две години, со можност за продолжување на уште една сезона. Тимот ќе го предводи заедно со доверливиот соработник Сабјан Лилај, а во стручниот штаб остануваат и досегашните тренери – Меритон Гега, Дејан Лескароски, кондицискиот Стефан Мечкаровски и тренерот на голмани Дардан Мифтари. Струга минатата сезона ја заврши на четвртото место и го играше финалето на Купот, каде загуби од Вардар. Со новиот тренер, амбициите на клубот се враќање на победничките патеки и настапи во Европа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.