Тројца приведени по натпреварот Вардар – Ла Фиорита на „Тодор Проески“

July 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Тројца приведени по натпреварот Вардар – Ла Фиорита на „Тодор Проески“

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека три лица се приведени по вчерашниот фудбалски натпревар меѓу Вардар и Ла Фиорита од Сан Марино, кој се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Приведените – Ф.Д. (19), М.Г. (18) и А.З. (27), сите од Скопје – биле уапсени поради фрлање на тврди предмети кон полициски службеници, гледачи и учесници на натпреварот, информираат од МВР. „По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци“, се наведува во официјалното соопштение. Фото: МВР

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.