Вардар демантира дека има постигнато договор со Спахиу!

January 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Вардар демантира дека има постигнато договор со Спахиу!

Иако претходно беше објавено дека Вардар има постигнато договор со Едиз Спахиу, сепак најтрофејниот македонски клуб го демантираше ова. „АД ФК Вардар сака да ја демантира неточната вест пласирана низ спортски портали, а преземена од неофицијални фејсбук фан страници. Имено, фудбалерот Едиз Спахиу сè уште нема потпишано договор со нашиот клуб, иако преговорите траат. Тој е во потрага по ангажман во странство. Клаузулите во неговите документи даваат простор да си најде трансфер заклучно со 20-ти јануари оваа година. Дали потоа ќе најде заеднички јазик со ФК Вардар, е работа за која фудбалската јавност навремено ќе биде информирана преку оваа веб страна“, велат од клубот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.