Вардар денеска ја пречекува Шкендија со почеток од 15 часот

March 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Вардар денеска ја пречекува Шкендија со почеток од 15 часот

На терените на комплексот Петар Милошевски во Скопје, денеска од 15:00 часот, Вардар ќе го дочека лидерот на Првата македонска фудбалска лига, тимот на Шкендија. Овој натпревар претставува реприза на нивниот прволетен дуел, кога на Арената, тетовскиот клуб славеше со 2:1. Сепак, овој пат ситуацијата е поинаква. Вардар е во подем, оствари неколку победи и влегува во мечот со позитивна енергија по ремито со Силекс во Кратово. Во пролетниот дел од сезоната, црвено-црните примиле само три гола, од кои два токму од Шкендија, што покажува дека тимот значително ја подобрил дефанзивната игра. Од друга страна, Шкендија останува стабилна и сигурна. Лидерот на табелата, со проверена и воиграна екипа, предводена од Бесарт Ибраими, сигурно чекори кон титулата. Доколку денеска успее да остане непоразена, ќе направи значаен чекор кон нов шампионски трофеј. За Вардар, пак, позитивен резултат на овој натпревар би значел конечно дистанцирање од борбата за опстанок и целосна стабилизација по турбулентната есенска полусезона. Сепак, ќе мора да се справи со предизвикот без капитенот Закариќ, кој има пет жолти картони, и без Босанчиќ, кој е надвор од терените поради повреда.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.