Вардар денеска против Напредак – контролен тест пред европскиот предизвик

July 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Вардар денеска против Напредак – контролен тест пред европскиот предизвик

Најтрофејниот македонски клуб Вардар попладнево ќе одигра пријателски натпревар против српскиот Напредак, со почеток во 17:30 часот, а мечот ќе се пренесува на „Арена Спорт“. „Црвено-црните“ се во завршна фаза од подготовките за новата сезона, во која најавуваат поголеми амбиции. Натпреварот со Напредак ќе биде добра можност за тренерскиот тим да ги провери новите сили и тактичките решенија пред настапите во Европа. Вардар на 10 јули го игра првиот натпревар од квалификациите за Конференциската лига против Ла Фиорита од Сан Марино, а реваншот е закажан седум дена подоцна. Минатата сезона Вардар ја заврши на петтата позиција во Првата лига со 45 освоени бодови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.