June 26, 2025 | | Македонија
Вардар сериозно ги зајакнува редовите пред европските предизвици – клубот попладнево официјално го претстави еВорен Чимбембе, фудбалер со богата биографија и настапи во француската Лига 1. Новото засилување за освојувачот на Купот на Македонија е 26-годишниот играч од средниот ред, кој во кариерата ги носел дресовите на Мец, Троа и Генгам. Со вакво искуство, Чимбембе важи за еден од најзвучните трансфери ова лето во мак-фудбалот. Тој веќе им се приклучи на соиграчите на подготовките во словенечки Раденци, каде Вардар под водство на тренерот Гоце Седлоски ја темпира формата пред настапот во квалификациите за Конференциската лига.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |