Вардар ги пушти билетите за европскиот предизвик против Ла Фиорита!

July 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Вардар ги пушти билетите за европскиот предизвик против Ла Фиорита!

Навивачите на Вардар можат да почнат со подготовките – најтрофејниот македонски клуб ги пушти во продажба билетите за европскиот натпревар против тимот од Сан Марино, Ла Фиорита. Дуелот ќе се одигра на 10 јули (среда), на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток во 20:30 часот. Ова е прв натпревар од квалификациите за УЕФА Конференциската лига, а реваншот ќе се игра една недела подоцна – на 17 јули. Билетите се достапни преку продажната мрежа на МКТикетс, по цена од 100 до 300 денари, што им овозможува на фановите по пристапна цена да ја поддржат својата екипа во походот кон Европа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.