March 29, 2025 | | Македонија
Вардар оствари значајна победа на гостувањето во Битола, триумфирајќи со 1-3 против Пелистер во големото дерби. Домаќините први дојдоа до водство со голот на Керим во 10-тата минута, кој успеа да погоди по одлична акција на Пелистер. Сепак, нивната радост не траеше долго. Во 20-тата минута, Закариќ израмни на 1-1 од пенал, што предизвика бурни реакции кај домашните фудбалери, кои сметаа дека се оштетени. Со резултат 1-1 се замина на полувреме, но во вториот дел Вардар беше поконкретен. Херој на гостите беше напаѓачот Мато, кој со два погодоци во 75. и 82. минута го запечати триумфот на „црвено-црните“. Со оваа победа, Вардар останува на осмото место на табелата со 25 бодови, додека Пелистер има четири повеќе. Преостанатите натпревари од 25. коло ќе се одиграат во понеделник.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |