Вардар и Воска без голови, Гостивар и Силекс изедначени на врвот!

November 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Вардар и Воска без голови, Гостивар и Силекс изедначени на врвот!

Денеска беа одиграни натпреварите од 15. коло во Првата фудбалска лига со исклучок на еден кој подоцна е закажан за в Битола. Силекс оствари значаен триумф од 2:0 на гостувањето во Скопје против Шкупи. Дарко Додев беше херој на мечот, постигнувајќи два гола во првото полувреме, што се покажа како доволно за неговиот тим да се врати дома со целосен успех од Чаир. Другите екипи од врвот на табелата исто така беа успешни во ова коло. Гостивар, со минимална победа од 1:0, го победи Тиквеш, а единствениот гол го постигна Елвис Машике од ДР Конго во 84-тата минута, по што отпорот на гостите беше скршен. Работнички се радуваше на убедлива победа од 4:1 против Беса. Иако гостите поведоа со гол во 22-та минута, Романтичарите не се предадоа. Во првото полувреме израмнија, а во второто со одлична игра постигнаа три гола и го заверија победничкиот резултат. Во дербито на дното, Воска и Вардар завршија без голови, а со ова реми, двата тима сега имаат по 12 бода. Ова коло ќе биде заокружено со дуелот меѓу Пелистер и Шкендија, кој започнува во 17 часот. СИТЕ РЕЗУЛТАТИ: Брера – Струга 1:1, Гостивар – Тиквеш, Работнички – Беса 4:1, Шкупи – Силекс 0:2, Воска – Вардар 0:0. ТАБЕЛА: Гостивар 30 бодови, Силекс 30, Работнички 28, Шкендија 27 (меч помалку), Струга 26, Шкупи 16, Пелистер 16, Брера 16, Беса 13, Воска 12, Вардар 12, Тиквеш 10 бодови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.