July 19, 2025 | | Македонија
Европската фудбалска авантура продолжува за Вардар. Во четврток, на 24 јули, со почеток од 20:30 часот на националната арена „Тоше Проески“, црвено-црните ќе се соочат со швајцарската Лозана во натпревар од второто квалификациско коло на Конференциската лига. По елиминацијата на Ла Фиорита од Сан Марино, сега доаѓа првиот вистински тест за момците од Скопје. Лозана е респектабилен противник, со богато европско искуство и силен состав, па се очекува жешка фудбалска вечер на Градски. Билетите од денеска се во продажба, по цена од 100 и 300 денари, во зависност од трибината и позицијата на седење. Билетите може да се купат на следниот ЛИНК.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |