Вардар ја продолжува соработката со главниот спонзор и следната сезона!

July 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Вардар ја продолжува соработката со главниот спонзор и следната сезона!

Голема вест за навивачите на Вардар. Компанијата „Новоматик“ официјално потврди дека и следната сезона ќе остане генерален спонзор на најтрофејниот македонски клуб, продолжувајќи ја соработката која започна пред една година. Во првата сезона од овој партнерски договор, „Новоматик“ вложи околу еден милион евра – инвестиција која очигледно даде резултат. Вардар конечно успеа да воспостави финансиска стабилност, а истовремено се врати и на победничките патеки со освоениот Куп на Македонија. Тој трофеј не беше само симболична награда – обезбеди и пласман во квалификациите за Конференциската лига. Таму, црвено-црните ги чека дуел со Ла Фиорита – првиот меч се игра на 10 јули (четврток), а реваншот е точно седум дена подоцна.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.