October 28, 2026 | | Македонија
Вардар остана без можност да се бори за двојната круна оваа сезона, откако денеска загуби од Тиквеш со 3:1 во осминафиналето од Купот на Македонија. Сепак, по натпреварот одигран на теренот на ФФМ во Ново Лисиче, од таборот на „црвено-црните“ најавија жалба поради сомнеж за неправилен настап на фудбалер на противничката екипа. Најтрофејниот македонски клуб пред почетокот на сезоната имаше високи амбиции, а освојувањето на двојната круна беше посочено како една од целите. Поразот од Тиквеш претставува сериозен удар за тие планови, но од Вардар сметаат дека постои основа за официјална реакција. Од клубот потврдија дека жалбата била најавена уште на записникот од натпреварот, посочувајќи дека станува збор за сомнеж за неправилен настап на фудбалер на гостинскиот тим. „Претставникот на ФК Вардар АД на натпреварот Вардар – Тиквеш 1:3, на записникот од натпреварот најави жалба за неправилен настап на фудбалер на гостинската екипа“, соопштија кратко од Вардар.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |