Вардар не знае за пораз: 20 меча без капитулација, следна станица Лозана!

July 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Вардар не знае за пораз: 20 меча без капитулација, следна станица Лозана!

Фудбалерите на Вардар продолжуваат да ја пишуваат својата успешна приказна. Ремито од 2-2 против Ла Фиорита во Сан Марино беше доволно за пласман во второто квалификациско коло од Конференциската лига, со вкупни 5-2 во корист на најтрофејниот македонски клуб. Иако победата им „избега“ по несреќен автогол на Јанкулов во судиското продолжение, вардарци ја продолжија импресивната низа без пораз која трае од 16 февруари – дури 20 официјални натпревари, со 13 победи и седум ремија. Тренерот Гоце Седлоски ја има вклопено вистинската формула – стабилна одбрана, борбеност до последен свиреж и енергија што носи резултати. Вардар го „прелета“ пролетниот дел од ПМФЛ и Купот, а сега чекори и низ Европа со исто темпо. Следен предизвик – силната швајцарска Лозана. Двомечот е закажан за 24 и 31 јули и ќе биде најголемиот тест досега.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.