February 5, 2025 | | Македонија
Вардар Неготино го засили својот состав со три нови играчи пред почетокот на пролетниот дел од сезоната. Нови членови на второлигашот се Марко Стојчески, Дестан Адили и Невен Костадинов. Марко Стојчески, кој настапува на левата бековска позиција, се враќа во Вардар Неготино. Претходно играл за Локомотива, Саса, Тетекс, Македонија ЃП, Скопје, како и за бугарските клубови Нефтохимик и Черно Море. Офанзивната линија на тимот ќе ја засили Дестан Адили, кој игра како крило. Тој има искуство како младински репрезентативец на Македонија, а во својата кариера настапувал за Воска Спорт, Победа, Влазрими и Работнички. Во средниот ред на Вардар Неготино пристигна Невен Костадинов, кој е фудбалер од школата на Тиквеш. Претходно бил дел од Брера, а доаѓа од Вардарски.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |