April 15, 2025 | | Македонија
По натпреварот меѓу Вардар Неготино и Брегалница, кој заврши со минимална победа на домашниот тим од 1-0, работите продолжија да се вжештуваат, не на теренот, туку надвор од него. Фудбалскиот клуб Вардар Неготино објави дека добиле официјално известување од дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), со потврда дека гостинската екипа предизвикала материјална штета во соблекувалната. Според соопштението, фудбалерите на Брегалница ги демолирале тушевите во соблекувалната по завршувањето на натпреварот, што довело до дополнителни тензии. Натпреварот заврши со резултат, но не и со крај на тензиите каде двата клуба започнаа со препукувања преку официјални соопштенија, секој со своја страна на приказната. Соопштението на Вардар Неготино: „ГФК Вардар Неготино најпрво, со најголема сериозност го демантира соопштението на ФК Брегалница кое беше објавено на нивната социјална мрежа, кое е полно со неточности, неосновани обвинувања и непрофесионален речник што не доликува на клуб кој се претставува како “реномиран и со традиција”. Наместо спортска самокритичност по неславниот настап на терен, ФК Брегалница избра да конструира наратив полн со теории на заговор, навреди и лични дисквалификации. Во интерес на јавноста, Ве известуваме дека денес од Дисциплинската комисија на ФФМ ни стигна соопштение во кое е наведено дека, цитираме: “Согласно наводите во извештајот од делегатот на натпреварот од 24 коло Втора МФЛ ФК Вардар Неготино – ФК Брегалница 2008 – Штип, ДЕЛЕГАТОТ НА НАТПРЕВАРОТ изнесува Коментар: Коректна и фер атмосфера се до крајот на напреварот кога после туширањето на гостите, домаќините пријавија два уништени тушеви. Ние како клуб, СМЕ задолжени да во рок од 3 (три) дена, доставиме фактура до ФК Брегалница, за надомест на штетата за скршените тушеви, а по добивање на фактурата ФК Брегалница се ЗАДОЛЖУВА истата да ја исплати во рок од 10 (десет) дена. Доколку истата не се плати во предвидените рокови, ФК Брегалница ќе биде дадена на Дисциплинска комисија на ФФМ.” Од сето ова произлегува дека ФК Брегалница сепак, ИМА направено штета, а не дека се е исценирано од “домаЧините”. ГФК Вардар Неготино секогаш ќе стои зад вистината, фер-плејот и спортскиот дух – а не зад сенка на вештачки креирани инциденти“, стои во соопштението на Вардар Неготино.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |