Вардар одлучи да се раздели со Мартин Блажевски

January 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Вардар одлучи да се раздели со Мартин Блажевски

Вардар објави дека се разделува со 32-годишниот фудбалер Мартин Блажевски, кој сезонава не настапи во ПМФЛ и ќе побара нова средина. Блажевски пристигна во Вардар во август 2021 година и минатата сезона одигра седум натпревари во ПМФЛ. Претходно, во сезоната 2022/23, беше на позајмица во Скопје шест месеци. Клубот преку социјалните мрежи му се заблагодари на Блажевски за неговиот придонес и му посака среќа во идните професионални предизвици. Мартин Блажевски е познат како дете на Вардар, а во својата кариера настапуваше за повеќе клубови, меѓу кои Металург, Локомотива, Охрид, Тетекс, Гостивар, косовска Дрита, Пелистер, Македонија ЃП, Борец и Скопје.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.