September 1, 2024 | | Македонија
Тимот на Вардар во моментов е во огромна криза. Откако претходно неочекувано оставка си поднесе Горазд Михајлов, сега истото го направи и Горан Петрески. Ова следува по тешкиот пораз на Вардар над Воска Спорт од 1-3, а Петрески заедно со своите помошници ја превземаа одговорноста за двата последователни порази и поднесоа неотповиклива оставка, заблагдарувајќи се на управата на клубот за укажаната доверба, која за жал не резултираше во посакуваниот правец. "Јас и мојот стручен штаб ја превземаме одговорноста за двата порази во низа и од денес повеќе нема да ја извршуваме тренерската функција во клубот. За Вардар секогаш сум го давал целото свое срце, така беше и овој пат, жалам што сета таа љубов и посветеност не ги донесе посакуваните резултати", изјави Петрески. По четири одиграни кола, Вардар има само три освоени бодови.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |