Вардар потпиша талентиран голман од Тетекс

June 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Вардар потпиша талентиран голман од Тетекс

Вардар денеска официјално го потврди новото засилување на голманската позиција – Или Зибери, кој пристигнува од редовите на Тетекс со договор на четири години. Овој млад чувар на мрежата минатата сезона имаше забележителни настапи за Тетекс, а претходно го бранеше голот и во младинските категории на Македонија. Зибери потекнува од академијата на Вардар Форино, а во својата млада кариера кратко време беше и дел од Шкендија, стекнувајќи драгоцено искуство во македонскиот фудбалски систем. Овој трансфер доаѓа во време кога од клубот веќе најавија дека искусниот голман Филип Гачевски е ставен на трансфер листа и дека се очекува негово заминување во текот на летото. Со вакви чекори, Вардар покажува јасна намера за подмладување и градење на нова генерација која ќе го врати клубот на врвот на македонскиот фудбал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.