June 17, 2025 | | Македонија
По ждрепката за Лигата на шампионите, денеска од 16:00 часот ќе се одржи и ждрепката за првото квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига, каде што Македонија ќе ја претставуваат три клуба: Вардар, Работнички и Силекс. Сите три тима се неносители во своите групи, што значи дека ќе се соочат со формално посилни противници според коефициентите. СИЛЕКС – Група 2 Можни противници: Петрокуб (Молдавија) Ордабаси (Казахстан) Дечиќ (Црна Гора) Урарту (Ерменија) ВАРДАР – Група 3 Можни противници: Диделанж (Луксембург) Копер (Словенија) Сутјеска (Црна Гора) Ла Фјорита (Сан Марино) РАБОТНИЧКИ – Група 6 Можни противници: Дила Гори (Грузија) Пјуник (Ерменија) Торпедо (Белорусија) Борац Бања Лука (Босна и Херцеговина) Првите натпревари ќе се одиграат на 10 јули, а реваншите на 17 јули. Точните датуми и термини ќе бидат објавени во петок.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |