June 18, 2025 | | Македонија
Македонските претставници во Конференциската лига на УЕФА веќе гледаат кон второто квалификациско коло, но пред тоа ќе мора да ги прескокнат првите и не така едноставни пречки.
Најтрофејниот клуб од Македонија, Вардар, ако ја мине Ла Фиорита од Сан Марино, ќе се соочи со далеку посериозен предизвик – швајцарската Лозана. За „црвено-црните“, ова би било можност да се наметнат на европската сцена, но прво ќе мора да ја потврдат фаворитската улога против скромниот ривал од микродржавата.
Силекс, кој ќе се обиде да го елиминира црногорски Дечиќ, доби една од најтешките можни потенцијални задачи. Ако минат понатаму, ги чека Рапид Виена – тим со богата европска историја и репутација што носи респект на Балканот и пошироко.
Работнички, романтичарите од Скопје, добија уште посериозен предизвик. Ако се справат со Торпедо Белаз од Белорусија, во следната рунда ќе ги чека Макаби Хаифа, клуб кој редовно настапува во групните фази на Лигата на шампиони или Лига Европа.
Иако патот до групната фаза е тежок, македонските екипи имаат шанса да се наметнат и да покажат дека домашниот фудбал има потенцијал за европски успеси. Сепак, потребни ќе бидат концентрација, храброст и ефикасност уште од првите 90 минути.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |