July 24, 2025 | | Македонија
Вардар ја воодушеви домашната публика и со победа од 2-1 над швајцарската Лозана го отвори двомечот од второто квалификациско коло во Конференциската лига. Херои на вечерта беа Роџерс Мато и Азер Омерагиќ, кои ги постигнаа головите за славјето на црвено-црните. Иако Лозана во Скопје пристигна како фаворит, Вардар покажа карактер и зрелост. Во првиот дел, по неколку полушанси, клучниот момент се случи во 47. минута: Тодоровски одлично биеше од далечина, голманот Летица ја одби топката, а Мато со силен удар под пречката донесе водство за домашните (1-0). Швајцарците во второто полувреме тргнаа агресивно и во 58. минута преку Диаките израмнија на 1-1 со фантастичен удар од дистанца. Веднаш потоа Сене имаше стопроцентна шанса за целосен пресврт, но Талески со одлична интервенција го спаси Вардар. Кога изгледаше дека Лозана има контрола, Вардар повторно покажа борбеност. По корнер во 76. минута, Омерагиќ најдобро се снајде во гужвата и со прецизен удар донесе нова ерупција на трибините за 2-1 за Вардар! До крајот, гостите се обидоа да стигнат до израмнување, но црвено-црните успешно го задржаа резултатот. Со оваа победа, Вардар ќе патува во Лозана со активна предност и надеж за сензација – пласман во следното коло. Реваншот се игра за седум дена во Швајцарија. ФОТО: Спорт1
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |