January 29, 2025 | | Македонија
Вардар продолжува со зимската трансфер офанзива, а едно од последните најавени засилувања веќе е во „црвено-црниот“ табор. Станува збор за искусниот дефанзивец Фаустин Сењор, кој пристигнува од турскиот Гиресунспор. 31-годишниот Сенегалец е фудбалер со солидно интернационално искуство, а неговата универзалност ќе биде од голема корист за Вардар. Иако примарно игра како стопер, тој подеднакво успешно може да дејствува и како дефанзивен играч за врска. Интересен е фактот што Сењор не е непознато име во македонскиот фудбал. Пред две години го носеше дресот на Шкупи, а воедно веќе има соработувано со актуелниот стратег на Вардар, Гоце Седлоски. Оваа релација може да биде клучна за неговото брзо адаптирање и значајна улога во тимот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |