June 18, 2025 | | Македонија
Најтрофејниот македонски клуб Вардар силно ги отвори подготовките за европската сезона. Во пријателски натпревар одигран во Словенија, црвено-црните демонстрираа одлична форма и убедливо го совладаа црногорскиот претставник Будуќност со 3-0. Едиз Спахиу го отвори резултатот уште во првото полувреме, а потоа сцената ја презеде Горан Закариќ, кој со два прецизни удари ја завери победата на Вардар. Вардар активно се подготвува за настапот во првото квалификациско коло од Конференциската лига, каде ги очекува дуел со Ла Фиорита од Сан Марино. Со вакво издание, надежите за пласман понатаму се оправдани.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |