Вардар убедлив во Гостивар, прва победа за Работнички

September 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Вардар убедлив во Гостивар, прва победа за Работнички

Фудбалерите на Вардар продолжија со одличните настапи во ПМФЛ и на гостувањето кај Арсими славеа со убедливи 1-4 во рамките на шестото коло. Херој на скопскиот тим беше Роџерс Мато кој постигна хет-трик. Вардар уште во 10. минута поведе преку Мато, а до крајот на првото полувреме гостите постигнаа уште два гола – прво Мислав Матиќ со глава во 29. минута, а потоа повторно Мато за високи 0-3. Во второто полувреме Мато го комплетираше својот хет-трик, додека Арсими успеа само да намали со погодокот на Рамадани од слободен удар за конечни 1-4. До првиот триумф сезонава стигна и Работнички кој на Арената „Тодор Проески“ го совлада Пелистер со 3-0. Флориан Кадриу го отвори резултатот во 31. минута, Димитар Трајков зголеми на 2-0 пред паузата, а Кадриу со својот втор гол во 82. минута ја запечати победата. На табелата Вардар се израмни со Струга на врвот со по 16 бода, Пелистер остана на шест и е седми, Арсими има пет бода на осмата позиција, а Работнички со четири бода се искачи на претпоследното место.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.