Вардарци вријат по поразот: Голот на Силекс прво беше поништен, па признат! (ВИДЕО)

September 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Вардарци вријат по поразот: Голот на Силекс прво беше поништен, па признат! (ВИДЕО)

Вардар претрпе пораз против Силекс со гол кој падна во самиот крај од натпреварот и истиот предизвика многу реакции. Имено, Јашароски сакаше да уфрли до Додев кој беше во недозволена позиција, но откако пасот не беше успешен, топката го погоди Мишковски и Ѓуриќ требаше да ја исфрли топката. Но, топката го погоди Ќосиќ и се одби до Додев кој дојде во ситуација еден на еден против Гачевски каде лесно ја смести топката во голот. Иако прво помошникот Ѓорѓиев го крена знаменцето и досуди офсајд, потоа заедно со судијата Пилешков ја дискутираа целата ситуација и ја променија одлуката па досудија гол.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.