Важни информации за оние кои денес ќе ја поддржуваат Македонија

June 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Важни информации за оние кои денес ќе ја поддржуваат Македонија

Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите навивачи кои ќе присуствуваат вечерва на квалификацискиот натпревар меѓу Македонија и Белгија на Националната арена „Тодор Проески“. Најважните информации: Отворање на вратите: 18:45 часот Совет: Дојдете што порано за да се избегне метежот при влез. Контрола на билети: Контролата ќе ја вршат лица со жолти маички – подгответе ги билетите однапред за побрза проверка. Забранети предмети: Предметите кои не смеат да се внесат се наведени на билетите – ве молиме почитувајте ги правилата за ваша и туѓа безбедност. Навивачка поддршка: Препорачливо е да понесете знаме или шал со национални обележја и да бидете дел од заедничката поддршка за репрезентацијата. ФФМ апелира за фер и коректно навивање и потсетува дека националниот тим има најголема сила кога е поддржан од своите навивачи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.