Велкоски се враќа во „Градски парк“: Работнички со ново засилување пред Европа

July 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Велкоски се враќа во „Градски парк“: Работнички со ново засилување пред Европа

Работнички не застанува со засилувањата пред европските предизвици. Тимот од „Градски парк“ го врати 29-годишниот дефанзивец Виктор Велкоски, кој повторно ќе го носи дресот на „романтичарите“. Велкоски веќе еднаш беше дел од Работнички во сезоната 2019/2020, а сега се приклучува како слободен агент, по заминувањето од казахстанскиот Туран, каде последен пат настапуваше до јануари. Има богато искуство од домашната сцена, играјќи за Вардар, Љубанци, Победа, Скопје и Брегалница, како и интернационални настапи за грчки Егиниакос и албански Лачи. Работнички го чека важен двомеч против белорускиот Торпедо Белаз во првото коло од квалификациите за Конференциската лига. Првиот натпревар ќе се одигра на 10 јули во Белорусија, а реваншот е на 17 јули на „Тодор Проески“ во Скопје.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.