Велшаните се прошетаа низ Скопје пред мечот со Македонија (ФОТО)

March 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Велшаните се прошетаа низ Скопје пред мечот со Македонија (ФОТО)

Вечерва со почеток од 20:45 часот, македонската фудбалска репрезентација ќе влезе во битка со Велс во рамките на второто коло од квалификациите за Светското првенство 2026. Но, овој натпревар ќе има посебна тежина, не само спортска, туку и хуманитарна, бидејќи целиот приход од влезниците, по иницијатива на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), ќе биде дониран како поддршка за семејствата настрадани во трагедијата во Кочани. Очекувањата се Арена „Тодор Проески“ да биде исполнета до последното место, бидејќи љубовта кон фудбалот овој пат ќе биде сплотена со емпатијата и хуманоста. На спротивната страна, Велс пристигна во одлична форма по нивниот победнички старт во квалификациите против Казахстан (3-1). Гостите ја искористија приликата за релаксирана прошетка низ Скопје, впивајќи дел од атмосферата и историјата на градот. Во духот на пријателството и спортската почит, велшките фудбалери не пропуштија да се фотографираат кај споменикот на Александар Македонски, момент што брзо стана хит на социјалните мрежи. Се е подготвено за спектакл – и на теренот, и на трибините. Македонија игра за победа, но и за нешто поголемо – заедништво и поддршка во тешки моменти.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.