February 4, 2025 | | Македонија
Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу ја продолжува својата кариера во Белгија, потпишувајќи договор со Ст. Труден, клуб што настапува во најсилната белгиска лига. Искусниот 30-годишен дефанзивец досега играше за неколку клубови, меѓу кои Ренова, Гостивар, Ст. Гален У21, Вардар, Приштина, Шкендија, Фехервар, Инголштад, а последен негов клуб беше Падерборн. За германскиот тим од 2023 година запиша 30 натпревари и постигна три погодоци. На репрезентативен план, Муслиу има 59 настапи и еден гол за македонската А селекција. Спортскиот директор на Ст. Труден, Андре Пинто го пофали новото засилување. „Во есенскиот период направивме анализа на дефанзивци што би можеле да ни помогнат. Баравме централен бек со искуство, лидерски квалитети и добри фудбалски способности. Муслиу совршено одговара на тој профил.“ Ст. Труден моментално е на 14. позиција во белгиското првенство со освоени 23 бодови.
View this post on Instagram
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |