ВМФЛ: Брегалница ги искористи киксовите на Македонија ЃП и Башкими

March 29, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

ВМФЛ: Брегалница ги искористи киксовите на Македонија ЃП и Башкими

Фудбалската возбудлива драма во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) продолжи со 22. коло, но денешниот ден беше исполнет со многу борба, емоции и неочекувани резултати. Македонија Ѓорче Петров не успеа да ја пробие одбраната на Осогово во Кочани и натпреварот заврши без голови (0-0), во амбиент натопен со почит кон неодамнешната трагедија што го потресе градот. Слично сценарио се одигра и во Прилеп, каде Победа и Башкими не успеаја да ја затресат мрежата, па мечот заврши 0-0. Од ваквиот развој на настаните најмногу профитираше Брегалница, која со 2-0 славеше на гостувањето кај Кожуф, приближувајќи се на само два бода од водечките екипи. Скопје ја искористи домашната поддршка и со 2-1 го совлада Борец, додека со истиот резултат Беласица славеше како гостин против Каменица Саса. Идентично заврши и дуелот меѓу Новаци и Охрид. Без голови мина и натпреварот меѓу Вардар Неготино и Детонит, а мечот во Богданци меѓу Вардарски и Арсими беше прекинат поради невреме при резултат 1-2 на полувремето.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.