ВМФЛ: Македонија ЃП го држи врвот, Башкими и Арсими ќе се надеваат на кикс (ВИДЕО)

April 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

ВМФЛ: Македонија ЃП го држи врвот, Башкими и Арсими ќе се надеваат на кикс (ВИДЕО)

Попладнево беше одиграна целата програма од 25. коло во Втората македонска фудбалска лига, а фаворитите не дозволија изненадувања. Сите екипи од врвот на табелата забележаа победи и ја задржаа својата позиција. Македонија ЃП на домашен терен минимално го совлада Детонит со 1:0, додека Башкими мораше да се потруди многу повеќе од очекуваното за да дојде до три бода против Вардарски. Кумановци го скршија отпорот дури во финишот и славеа со 2:0. Арсими успеа да запише победа од 1:0 над Кожув, повторно во меч со цврсти одбрани и малку шанси. Во Велес, Брегалница однесе значајни три бода со тесна победа од 1:0, резултат кој ја зацврстува нивната позиција во горниот дел на табелата. За жал, натпреварот во Охрид помеѓу домашниот тим и Осогово заврши со инцидент каде во завршницата дојде до судир меѓу двајца противнички фудбалери. Играчот на гостите извлече подебел крај и мораше итно да биде пренесен во болницата во Охрид. Очекуваме информации за неговата здравствена состојба. РЕЗУЛТАТИ – 25.КОЛО Арсими – Кожув 1:0 Башкими – Вардарски 2:0 Беласица – Скопје 1:0 Борец – Брегалница 0:1 Македонија ЃП – Детонит 1:0 Новаци – Вардар (Н) 2:0 Охрид – Осогово 2:2 Победа – Саса 1:0 ТАБЕЛА Македонија ЃП 56, Башкими 56, Арсими 54, Брегалница 51…

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.