ВМФЛ: Македонија ЃП има два бода предност, Арсими сега е на второто место

May 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

ВМФЛ: Македонија ЃП има два бода предност, Арсими сега е на второто место

Во 27. коло од Втората македонска фудбалска лига се одиграа неколку клучни натпревари кои донесоа значајни промени на табелата, особено во борбата за врвот. Најголем добитник од ова коло е тимот на Арсими, кој ја совлада Брегалница со 2-0 и се искачи на второто место. Овој напредок беше овозможен и благодарение на ремито на Башкими против Скопје (1-1), со што Башкими сега падна на третата позиција. Македонија Ѓорче Петров ја продолжи серијата добри резултати со убедлива победа од 3-0 над Борец, кој со ова пораз најверојатно испаѓа во третата лига. Во останатите натпревари, Детонит славеше на гостински терен против Беласица со 2-1, Саса беше подобра од Вардар Неготино со 4-2, Новаци ја забележа најубедливата победа од колото, победувајќи го Вардарски со 4-0. Охрид со минимални 1-0 три бода освои против Кожуф, а Победа и Осогово одиграа без голови (0-0). Претстојните кола најавуваат голема борба за промоција и опстанок, со неколку екипи кои се во тесна трка за врвот. Резултати: Арсими – Брегалница 2-1 Башкими – Скопје 1-1 Беласица – Детонит 1-2 Саса – Вардар Неготино 4-2 Македонија ЃП – Борец 3-0 Новаци – Вардарски 4-0 Охрид – Кожуф 1-0 Победа – Осогово 0-0 Табела: Македонија ЃП 60, Арсими 58, Башкими 57, Брегалница 52, Oхрид 42, Детонит 40, Беласица 39, Каменица Саса 36, Скопје 35, Кожуф 33, Новаци 32, Победа 31, Вардар Неготино 30, Осогово 23, Борец 13, Вардарски 11.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.