May 6, 2025 | | Македонија
Македонија ЃП останува лидер во Втората лига и по ова коло, откако со минимални 0-1 славеше на гостувањето кај Вардар Неготино, осигурувајќи ја предноста на врвот на табелата на само две кола до крајот на сезоната. Арсими, пак, продолжи да дише во вратот на лидерот со убедлив триумф од 2-4 над Борец, а и Башкими останува во трка за елитата по драматичната победа кај Кожуф во Гевгелија. Тој дуел остана во сенка на скандалозната завршница, во која фудбалерите на домаќинот буквално престанаа да играат, дозволувајќи лесен победнички гол на гостите во последните секунди. Брегалница обезбеди важни три бода против Беласица, со погодок на Стефан Бабунски уште во 5. минута, додека во долниот дел од табелата Осогово ја зголеми надежта за опстанок со победата од 2-0 против Новаци, искористувајќи го неуспехот на директниот конкурент Вардар Неготино. Детонит Плачковица и Охрид одиграа атрактивен меч со пет гола, во кој домаќините славеа со 3-2. ВТОРА ЛИГА – 28. КОЛО Борец – Арсими 2-4 Брегалница – Беласица 1-0 Детонит Плачковица – Охрид 3-2 Скопје – Победа 0-0 Кожуф – Башкими 1-2 Осогово – Новаци 2-0 Вардар Неготино – Македонија ЃП 0-1 Вардарски – Каменица Саса 1-4
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |