March 1, 2025 | | Македонија
Натпреварите од 18. коло на ВМФЛ донесоа многу возбудувања и голем број погодоци. Најголемото изненадување беше убедливата победа на Саса, која со 4-0 ја совлада Брегалница. Штипјани беа целосно надиграни на ова гостување и го загубија второто место, кое сега му припаѓа на Башкими по триумфот од 2-1 против Арсими. Неочекуван пораз претрпе и Македонија Ѓорче Петров, која во Прилеп загуби со 2-1 од Победа. Резултати од 18. коло во ВМФЛ: Саса – Брегалница 4-0 Победа – Македонија Ѓорче Петров 2-1 Башкими – Арсими 2-1 Вардар Неготино – Скопје 2-0 Осогово – Кожув 0-0 Охрид – Беласица 2-1 Вардарски – Детонит Плачковица 2-1 Новаци – Борец 0-1 ТАБЕЛА: 1. Македонија ЃП (41), 2. Башкими (39), 3. Брегалница (37), 4. Арсими (33), 5. Саса (31), 6. Детонит (29), 7. Охрид (28), 8. Кожуф (27), 9. Скопје (26), 10. Беласица (22), 11. Победа (21), 12. Новаци (20), 13. Вардар Неготино (20), 14. Осогово (10), 15. Борец (7), 16. Вардарски (5).
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |