ВМФЛ: Македонија ЃП убедлива против Новаци, победи и Брегалница

March 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

ВМФЛ: Македонија ЃП убедлива против Новаци, победи и Брегалница

Денеска на македонските фудбалски терени се одиграа натпревари од Втората лига. Лидерот на табелата, Македонија Ѓорче Петров, без поголеми проблеми оствари убедлива победа од 4:0 против Новаци. Фаворитот ја најави победата уште во првото полувреме, кога погодија Велкоски и Кире Маркоски. Во вториот дел, Маркоски постигна уште еден гол, а во листата стрелци се запиша и Симеон Крстев. Брегалница, исто така, забележа сигурен триумф против Вардарски со 2:0. Калпачки го отвори резултатот во првото полувреме, а конечниот резултат го постави Стојан Поповски во вториот дел. На табелата, Македонија Ѓорче Петров е прва со 44 бодови, додека зад неа се наоѓаат Башкими со 42 и Брегалница со 40 бодови. Детонит – Осогово 0-1 Кожуф – Скопје 0-1 Македонија ЃП – Новаци 4-0 Охрид – Вардар Неготино 1-0 Арсими – Победа 1-0 Беласица – Башкими 1-2 Борец – Каменица Саса 2-1 Брегалница – Вардарски 2-0

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.