March 8, 2025 | | Македонија
Македонија ЃП не успеа да забележи триумф на гостувањето кај Каменица Саса, завршувајќи без голови (0:0) во рамките на 20. коло од Втората македонска фудбалска лига. Од друга страна, Башкими доминираше на домашен терен и славеше убедливо со 3:0 против Охрид, додека Беласица извојува тесна победа од 0:1 во Прилеп против Победа. Во дербито на истокот, Брегалница беше поуспешна од Осогово со 1:2, а во битката за опстанок, Вардарски на свој терен го надигра Борец со 2:0. Арсими, пак, без поголеми проблеми запиша победа од 0:2 на гостувањето кај Новаци, а Скопје и Детонит Плачковица ремизираа, 2-2. Со овие резултати, ситуацијата на табелата станува сè поинтересна. Досегашниот лидер Македонија ЃП веќе третпат во пролетниот дел киксира, откако претходно загуби од Башкими и Победа. Овојпат освои само бод против Каменица, што му дозволи на Башкими да го израмни бројот на бодови на врвот – и двата тима сега имаат по 45. Брегалница се наоѓа на третата позиција со два бода помалку, додека Арсими е четврти со 39 поени. Резултати 20. коло ВМФЛ: Каменица Саса – Македонија ЃП 0:0 Башкими – Охрид 3:0 Осогово – Брегалница 1:2 Победа – Беласица 0:1 Вардарски – Борец 2:0 Вардар Н. – Кожуф 0:2 Новаци – Арсими 0:2 Скопје – Детонит Плачковица 2:2
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |