Во Берово не е досадно: Се гледа фудбал и се пржи месо (ВИДЕО)

February 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Во Берово не е досадно: Се гледа фудбал и се пржи месо (ВИДЕО)

Третолигашките екипи Малеш и Брегалница Делчево одиграа динамичен пријателски натпревар во Берово, кој заврши со триумф на гостите од 5-4. Додека акцијата на теренот привлекуваше внимание, на една од трибините атмосферата беше подеднакво интересна – навивачите не само што го следеа натпреварот, туку и уживаа во вкусна закуска. На тавата се пржеше месо, што, според еден од присутните, е редовна традиција кога Малеш игра на домашен терен.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.