April 21, 2025 | | Македонија
Екипата на Воска Спорт денес преку соопштение објавено на социјалните мрежи ја крена својата загриженост и најави можност за напуштање на првенството. Клубот го образложи своето незадоволство со видео од последниот натпревар против Вардар, на кое се прикажани неколку спорни моменти за кои сметаат дека биле неправедно оштетени од страна на судиите. Според Воска, ваквите одлуки директно влијаат на регуларноста на натпреварите и го доведуваат во прашање фер-плејот во лигата. Реакцијата предизвика силен одек на фудбалската сцена, а останува да се види дали клубот ќе се одлучи на ваков драстичен чекор или ќе побара институционални решенија. Сепак, ова е уште еден аларм дека се потребни реформи и транспарентност во судиските одлуки за да се зачува интегритетот на натпреварувањето. Целото соопштение на Воска: „Двојни стандарди на мечот против Вардар. Дуелот против Вардар беше проследен со серија на контроверзни одлуки од страна на главниот судија Стојанче Стојанов и неговите асистенти Александар Ѓорѓиески и Мартин Петковски кои го оштетија нашиот тим во 28. коло од Првата лига. Овие се само некои од моментите кои ги отсликуваат двојните стандарди на мечот: 1. Регуларен гол за нашиот тим кој е поништен. Сликата е јасна, нашиот играч не игра со рака, ама судијата го поништи голот. 2. Идентична ситуација се случи една минута подоцна на спротивната страна. Играч на Вардар ја сопира топката со рака, но судијата дозволи играта да продолжи како ништо да не било. 3. Недосуден пенал – нашиот играч беше фаулиран во шеснаесетникот, но немаше реакција. 4. „Гол“ кој не беше гол. Топката не ја мина гол-линијата, но судијата реши да му направи услуга на противникот. Овие моменти се само дел од неправдите кои ги почувствувавме за време на мечот, ама не беше така само и на овој дуел, туку и на други мечеви оваа сезона. Едностраните одлуки не се обични грешки, туку прават штета на првенството. Во оваа ситуација, ние како клуб размислуваме дали да продолжиме да играме во лигата, а ќе информираме за тоа во следните денови.“
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |