Втора лига: Македонија го задржа врвот, Башкими во финишот го совлада Детонит

May 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Втора лига: Македонија го задржа врвот, Башкими во финишот го совлада Детонит

Македонија ЃП останува лидер во Втората македонска лига по ремито без голови против Арсими во дербито во Гостивар. Башкими со доцна победа од 3-2 над Детонит Плачковица останува во трката за пласман, но сѐ ќе се решава во последното коло – особено поради нерешената ситуација околу спорниот натпревар Кожуф – Башкими, кој е под лупа на ФФМ. Брегалница, која мораше да победи, стигна до три бода во самиот финиш против ГФК Охрид (0-1), додека Беласица ремизирсше со Борец (1-1). Новаци го декласираше Скопје со 4-0, а Вардар Неготино беше сигурен против веќе испаднатиот Вардарски со 3-0. Кожуф славеше над Победа (2-1), а Каменица Саса го доби дербито на Истокот против Осогово со 1-0. Резултати 29. коло: Арсими - Македонија ЃП 0-0 Башкими - Детонит 3-2 Беласица - Борец 1-1 Каменица Саса - Осогово 1-0 Новаци - Скопје 4-0 Охрид - Брегалница 0-1 Победа - Кожуф 1-2 Вардарски - Вардар Неготино 0-3 Табела: Македонија ЃП 64, Арсими 62, Башкими 60 (-1), Брегалница 58, Детонит 43, Каменица Саса 42, Охрид 42, Беласица 40, Кожуф 36 (-1), Скопје 36, Новаци 35, Вардар Неготино 35, Победа 32, Осогово 26, Борец 14, Вардарски 11.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.